Најпропатуваниот човек на светот одлучи дека му е доста

Од:

Доколку некогаш 44-годишниот Мајк Спенсер Браун би бил опишан во популарната култура, сигирно би го добил називот „Најинтересен човек не светот“.

Најавата за него би гласела дека неговиот Фејсбук профил е налик на роман за Индијана Џонс, а одометарот, кој ги следи неговите патувања и поминатите километри неколку пати направил цел круг. Мајк е „најпропатуваниот човек во светот“.

Пред повеќе од две децении тој го напуштил родниот Калгари со сон дека ќе го види светот. Сега по 23 години константно патување и големо време поминато во секоја земја во светот, Мајк одлучил дека му е доста и се вратил во Канада.

Судејќи според локалните медиуми, Мајк официјално е „личноста, која најмногу пропатувала во човечката историја“.

И додека многумина ја посетиле секоја земја во светот, нивните патувања не биле толку исцрпувачки, како тие на Браун. Тој ги запознал врачевите на Мауи, живеел во колиба од лисја со племето на Пигмејците и се гледал очи во очи со горилата во Руанда.

Детално појаснувајќи ги своите 80 најдобри искуства на блогот Backpackology, Мајк напишал дека бил уапсен толку пати, што не може да ги изброи.

Мајк Спенсер Браун во 2010 година се најде во медиумите ширум светот, кога пристигнал во Могадишу во Сомалија. Овој негов чекор целосно ги збуни тамошните власти.

– Никогаш не сме виделе некого како овој човек. Ни кажа дека е турист, но не можевме да поверуваме во тоа. Меѓутоа подоцна откривме дека е сериозен. Тоа го направи првата личност, која во Могадишу дошла поради туризам, изјави Омар Мухамед, претставник на имиграционото одделение на Сомалија во тоа време.

– Се обидоа четирипати да ме вратат назад во авионот, но јас врескав и изведував различни трикови, за да го спречат тоа. И авионот на крајот полета без мене, изјави Мајк.

Тој нагласи дека од своите патувања научил многу работи за природата на човекот.

– Луѓето во основа се добри и потребно е подобро да се запознаат без разлика на нивната раса или култура, изјави Мајк.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска