Најпосакувани туристички дестинации за 2019 година

Од:

Интересот на туристите за Будимпешта расте побрзо отколку за кој било друг град во светот, објави интернет страницата „Лонли планет“, откаде биле анализирале податоци од „Гугл трендс“.

Така, на листата дестинации со најголем раст на популарноста меѓу туристите за 2019 година во однос на 2009 година, унгарската престолнина е на прво место – со 87 отсто раст. На второ место е јужнокорејскиот главен град Сеул (79 отсто пораст). Трет е Копенхаген (68 отсто), зад кој следат Тел Авив и Варшава.

Што се однесува до летните одмори, за последните 10 години најголем раст на туристи имаат Филипините (170,5 отсто). По нив се Јужна Кореја, Саудиска Арабија, Казахстан и Холандија. Расте и интересот кон Египет, Тунис, Турција, Франција и Бразил.

Она што е интересно е поголемата љубопитност за Југоисточна Азија, Индија и Блискиот Исток во последнава декада.

Би можело да ве интересира

Научници и иноватори предлагаат радикални начини за „повторно замрзнување“ на Арктикот

Ана Ололовска

Виена е најпријатниот град за живеење во светот

Ана Ололовска

Уметнички проект „Арт парк“ во Загреб

Ана Ололовска

ВИДЕО: Делфините им приредија спектакл на туристите кај Валона

Ана Ололовска

Забрана за Мекдоналдс крај историски објект во Рим

Ана Ололовска

Пилот барал пари од патниците за гориво

Ана Ололовска