Најопасни места на планетата

Од:

На Земјата постојат многу места, каде луѓето живеат во сиромаштија и беда, а стапката на криминал и болести е многу висока.

Следуваат некои од тие места:

Фавелите на Рио де Женеиро, Бразил

Рио де Женеиро е еден од најпосетените градови во светот заради карневалот, убавите луѓе, фудбалот, одбојката на песок, Копакабана. Сепак и покрај сета таа убавина во овој град постојат огромни фавели, во кои колибите се изградени буквално една на друга.

Од околу илјада фавели, особено лош глас го бие Росиња. Рио е главна порта на кокаин, кој понатаму се доставува во Европа, а во фавелите често владејат безмилосни  дилери на дрога.

Детроит, Мичиген, САД

Некогаш град на моторите, Детроит денес е најпознат како „главен“ град на убиствата во САД. Популацијата на градот е намалена од 2000 година за 25 отсто, а во некои делови од градот има целосно напуштени куќи и згради. Некои од тие куќи се продаваат за стотина долари. Покрај напуштените куќи, Детроит е познат и по тоа дека по неговите улици шетаат најмногу кучиња скитници, од кои поголемиот број се питбули.

Хуарез, Мексико

Овој град се наоѓа јужно од Ел Пасо во Тексас, а ги дели само реката Рио Гранде. Разликата меѓу овие два града е јасна како и онаа меѓу ден и ноќ. Последните години Хуарез стана епицентар на војни на дилерски банди. Бандите немилосрдно војуваат од ден на ден, оставајќи мртви тела на загинати членови.

Меделин, Колумбија

Уште еден кокаински град, каде главниот збор го имаат бандите и каде ноќното шетање во поголем број случаи значи куршум во глава. Иако главниот мафијашки шеф загина во далечната 1993 година, секоја година се случуваат повеќе од илјада убиства.

Бруклин, САД

Голем број згради во овој дел на Њујорк се изградени за социјалните потреби за луѓе кои немаат примања, ниту сместување. Со самото тоа криминалот е на високо ниво. И додека другите делови на Њујорк бележат намалување на криминалот, Бруклин константно бележи раст.

Узбекистан, Киргистан, Таџикистан

Распадот на СССР предизвика голема тензија во светот, делејќи се на мали и независни држави. Дваесет години подоцна, остана многу нетрпеливост меѓу народите, меѓу некои  и повеќе отколку порано.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска