Мини колекција изработена во лимитирана едиција, со специфични дезени и форми и со акцент на самото лого на брендот, дизајнираше Ивана Кнез, под потписот на Драма Студио.
И оваа колекција го задржува автентичниот сензибилитет што го создава Ивана Кнез, страст, мистичност, сензуалност и силна и храбра емотивност. Во целата оваа драма-тична приказна најмногу се идентификува моделот Марина Цигарида.
„Како заштитно лице на колекцијата овој пат се јавува Марина Цигарида, регионален менаџер на Авон, Македонија. Марина е се она што една жена треба да биде, негувана деликатна, единствена убавина. Грациозна жена која сосема се вклопи во приказната на колекцијата. Соработката се комплетираше со употреба на декоративната козметика на Авон, во боја на црвено лале, во боја на љубовта“, вели модниот дизајнер, Ивана Кнез.
За комплетниот изглед на Марина задолжени беа Даниел Николовски, шминка и Милена Цапов, фризура. А за магијата на фотографиите беше задолжен Жарко Чулиќ кој е петгодишен соработник на Драма.