Нај(не)чесните туристи на светот се…

Од:

Данците најретко крадат предмети од хотелите, а најчесто тоа го прават Колумбијците, покажуваат резултатите од неодамнешното истражување на сајтот Hotels.com.

Истражувањето за тоа колку често туристите крадат предмети од хотелите, опфати 8.600 испитаници од 29 земји и градови.

Околу 88 отсто од данските туристи изјавиле дека никогаш не земале нешто што не би требало од хотелската соба, додека 43 проценти од Колумбијците дале спротивна изјава.

Бразилците се најчесни од сите Јужноамериканци, жителите на Хонг Конг се најчесни Азијци, а жителите на Квебек во Канада се најчесни во Северна Америка.

Туристите најчесто земале хотелски списанија и книги, потоа пешкири и бањарки, додека некои си дозволувале да земат и слики, ламби и часовници.

Следува листа на најчесни туристи (процентите се однесуваат на лицата кои изјавиле дека никогаш не земале од хотелите нешто што не би требало):

1. Данска 88 отсто
2. Холандија 85 отсто
3. Норвешка 84 отсто
4. Бразил 81 процент
5. Канада (Квебек) 81 процент
6. Хонг Конг 81 процент
7. Италија 80 отсто
8. Русија 79 проценти
9. Тајван 78 отсто
10. Јужна Кореја 78 отсто
11. Аргентина 77 проценти
12. Сингапур 77 отсто
13. Ирска 75 отсто
14. Велика Британија 74 отсто
15. Швајцарија 73 проценти
16. Нов Зеланд 73 проценти
17. Јапонија 73 отсто
18. Финска 73 проценти
19. Германија 72 отсто
20. Австралија 72 отсто
21. Франција 71 процент
22. Канада (без Квебек) 70 отсто
23. САД 66 отсто
24. Кина 66 отсто
25. Шведска 65 отсто
26. Шпанија 64 проценти
27. Индија 62 отсто
28. Мексико 60 проценти
29. Колумбија 43 проценти

Би можело да ве интересира

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски

Во земјава нема доволно кустоси, странски водичи раскажуваат поинаква историја за нашите локалитети

Катерина Ѓуровски

Продолжениот Велигденски викенд повеќе од половина ќе ги исполни сместувачките капацитети на охридското крајбрежје

Ана Ололовска