Најдобри пролетни дестинации во Европа

Од:

Сакате да шетате низ Европа, а веќе сте ги запознале метрополите како Париз, Рим и Мадрид? Погледнете ги интересните и привлечни места, кои ги предлага најпрестижниот туристички водич Лонли Планет, како алтернатива за викенд дестинации, идеални за убавите пролетни денови.

Херез де ла Фронтера, Шпанија

herez-spanija

Овој град е најдобар претставник на андалузиската култура, полн е со винарии со познатото слатко вино „шери“, преубави коњи и фламенго, а сите знаменитости секоја година се слават со серија хедонистички фестивали.

Прошетката низ стариот град со тврдина од 11. век и шеталиштето со стебла на портокал е само вовед, бидејќи суштината на Херез де ла Фронтера се винариите, во кои се прави, чува и продава познатото вино.

Лавов, Украина

lavrov-ukraina

Уште на прв поглед е јасно зошто граѓаните на Лавов за својот град велат дека е најмалку советски во Украина. И навистина тој воопшто не наликува на градовите во кои се карактеристични советските блокови на згради. Стариот дел на Лавов е впишан на листата на културно наследство на УНЕСКО, како совршен спој на традицијата на источна Европа, со италијанските и германски влијание, но и со примеси на културата на други етнички групи, кои оставиле свои траги.

Динар, Франција

dinar-francija

Овој град на брегот на Бретања е карактеристичен по носталгичниот шарм на ’20-те години од минатиот век. На неговите плажи уживале многу познати Британци, од Черчил до Алфред Хичкок. Карактеристика на ова место се викторијанските вили, но и прекрасната Променада ду Клаиер де Луне или Месечева променада.

Акирејри, Исланд

akirejri

Во земјата преполна со природни убавини, вториот град по големина е повеќе од мистериозен. Сепак случајно поставен на врвот на леденосиниот фјорд, со сјајни планини во позадината Акирејри е вистинска природна убаина на Исланд. Во центарот на престолнината на северот, како што го нарекуваат, ќе пронајдете повеќе релаксирачки кафулиња во париски стил, како и барови, во кои деневно време се служат одлични колачи и кафе.

Ротердам, Холандија

roterdam-holandija

Извонредна архитектура, заштитниот знак на Ротердам, е последица на неговото уништување во Втората светска војна, поради што во следните децении е претворен во единствен пример на модерната естетика во Европа.

Ротердам е дом на некои од најпознатите уметнички музеи, што е доволна причина за посета – без разлика дали станува збор за делата на старите холандски мајстори или за делата кои се чуваат во надреалисичкото крило на музејот Боијманс Ван Беунинген.

Перуџа, Италија

perudza-italija

Средновековен ридски град во срцето на една од најубавите италијански области, Умбрија е интригатна мешавина на сочувана архитектура од 13. век и на мошне модерна културна сцена, за која е заслужна бројната студентска популација.

Секоја вечер се стекнува впечаток дека целиот град излегол кај Фонтана Маџиоре (Големата фонтана), каде на исто место можете да видите студенти, семејства со деца и ветерани.

МИА

Би можело да ве интересира

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски

Во земјава нема доволно кустоси, странски водичи раскажуваат поинаква историја за нашите локалитети

Катерина Ѓуровски

Продолжениот Велигденски викенд повеќе од половина ќе ги исполни сместувачките капацитети на охридското крајбрежје

Ана Ололовска