Оваа вкусна торта ќе ја направите за само 30-тина минути …
Потребно е:
1 л млеко
10 лажици шеќер
3 пудинга од ванила
300 гр млечно Милка чоколадо
100 гр бело Милка чоколадо
500 мл слатка павлака
бисквити (Плазма, Petit Beure)
Подготовка:
– Во 200 мл млеко разматете го прашокот за пудинг и шеќерот. Остатокот од млекото сипете го во тенџере и ставете го на рингла да се вари. Кога ќе почне да врие додадете ги изматените пудинзи и шеќер и мешајте додека да се згусне.
– Сарениот пудинг поделете го на два дела. Во едниот дел ставете го млечното чоколадо, а во другиот белото. Мешајте додека да се истопат чоколадите. Двете смеси оставете ги да се изладат.
– Во еден сад изматете ја слатката павлака во густ шлаг. Во двете смеси ставете по 1/4 од изматената павлака и измешајте.
– Во кружен калап за торта ставете алуминиумска фолија на дното и од страните. Сипете ја белата смеса и дел од темната смеса. Полека измешајте со вилушка или со дрвено стапче за да се направат црно-бели шари.
– Сега нанесете го остатокот од слатката павлака, па потоа остатокот од темната смеса и израмнете.
– На крај најодозгора ставете алуминиумска фолија и ставете го неколку часа калапот во фрижидер за да се стегне тортата. Извадете го калапот од фрижидер, тргнете ја горната фолија, ставете чинија на калапот и превртете ја тортата на чинијата и тргнете го калапот.
– Тортата може да ја декорирате по желба.