Најдобар хотел во светот – Ноќевањето чини само 42 евра

Од:

Хотел во кој ноќевањето чини 42 евра е прогласен за најдобар во конкуренција со околу 650 илјади ширум светот.

Сопствениците на „Lauriston Court“ в Северен Велс, Иан и Каролин Робинс ги третираат своите гости мошне добро, така што хотелот е прогласен за најдобар според изборот на читателите на најпопуларниот сајт за патувања, TripAdvisor.

Хотелот со 11 соби победи во конкуренцијата од 650 илјади хотели, а повеќе од 400 патни бил оценет со највисока оценка. Гостите биле воодушевени од вкусниот појадок, кој се подготвува по нарачка, преубавиот поглен кон море, забавата и пријателските совети.

Каролин, која е мајка на две деца и поранешна медицинска сестра вели: „Им кажувам на луѓето кои тука престојуваат дека без разлика кој е нивниот проблем, јас можам да го решам“.

Би можело да ве интересира

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски

Во земјава нема доволно кустоси, странски водичи раскажуваат поинаква историја за нашите локалитети

Катерина Ѓуровски

Продолжениот Велигденски викенд повеќе од половина ќе ги исполни сместувачките капацитети на охридското крајбрежје

Ана Ололовска