Најдобар бакшиш даваат туристите од …

Од:

Американците можеби се најлошите туристи во светот, но судејќи според најновото истражување, барем со таа репутација не се здобиле поради оставањето на мал бакшиш.

Истражувањето, кое го спроведе ТрипАдвајзр откри дека 57 отсто од Американците секогаш оставаат бакшиш на своите патувања, што ги става на второ место, веднаш зад Германците (69 проценти).

Резултатите се засовани на истражувањето, кое вклучи девет илјади патници од осум земји: Бразил, Франција, Германија, Италија, Русија, Шпанија, Англија и САД.

Шестнаесет отсто од Американците изјавиле дека се свесни оти спаѓаат меѓу нациите кои оставаат добар бакшиш, бидејќи тоа е вообичаена пракса во САД, која ја продолжуваат и во другите земји.

Американците најмногу им оставаат бакшиш на вработените во хотелите (78 отсто), на собарките (76 отсто) и на шанкерите (75 отсто).

Погледнете ја комплетната листа:
1. Германци
2. Американци
3. Руси
4. Бразилци
5. Французи
6. Британци
7. Шпанци
8. Италијанци.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска