Најбогатиот човек на светот купи имот на Беверли Хилс, најскапата недвижност во Калифорнија

Од:

Најбогатиот човек во светот, основачот и шеф на Амазон, Џеф Безос, купи имот на Беверли Хилс за 165 милиони долари, што е рекордна цена некогаш постигната за имот во Калифорнија.

Повикувајќи се на извори блиски до трансакцијата, „Вол стрит џурнал“ објави дека Безос го купил атрактивниот имот од медиумскиот магнат Дејвид Гефен.

Се работи за голем имот кој првично бил изграден за поранешниот извршен директор на „Ворнер Брос“, Џек Ворнер, а купувањето следело по минатонеделните информации во медиумите дека Безос и неговата девојка активно бараат дом во Лос Анџелес.

Имотот, кој бил проектиран во 1930-тите, се состои од вила од 13.000 квадратни метри, две куќи за гости, тениско игралиште, базен и голф со девет дупки.

Вклучува и „полигон за мотори“ кој има своја гаража и бензински пумпи.

Гефен го купил имотот во 1990 година за 47,5 милиони долари, така што од продажбата оствари огромна добивка.

Претходниот рекорд за купување на недвижен имот во Калифорнија беше 150 милиони долари, кога Лахлан Мердок го купи имотот Чартвел во 2019 година.

Би можело да ве интересира

Безос најави дека ќе подари поголем дел од богатството

Ана Ололовска

Кабинетот на Макрон: Безос вети милијарда долари до 2030 година за заштита на животната средина и биолошката разновидност

Ана Ололовска

Вработените во Амазон гласаа за формирање синдикат на магацинот на Стејтен Ајленд

А1он

ВИДЕО: Успешен лет во вселената на ракетата на Џеф Безос со шест патници

Ана Ололовска

Џеф Безос вети две милијарди долари за намалување на ерозијата на почвата

Компанијата на Џеф Безос ќе гради вселенска станица „Орбитален гребен“

Ана Ололовска