Министерството за транспорт на Јужна Кореја денеска соопшти дека се очекува над 36 милиони жители на оваа држава да тргнат од големите градови кон своите родни места.
„Преселбата“ на најголем број од 50 милиони жители на Јужна Кореја се случува по повод прославата на новата Лунарна година на 7 и 8 февруари.
Најголем дел од луѓето заминуваат од Сеул и околните индустриски сателитски градови. Тие, најчесто, се упатуваат јужно од главниот град, каде што имаат свои семејства.
Се проценува дека на автопатиштата од 6 до 10 февруари ќе има над 4,5 милиони возила, за чија безбедност ќе има и засилени сообраќајни контроли.
На голем број социјални мрежи во Јужна Кореја се појавија пораки кој ги советуваат сограѓаните „Годината на мајмунот“ да ја започнат „како луѓе“ и да се откажат од пиење и други „мајмунлоци“’ додека заминуваат или се враќаат дома.