Националниот парк Јелоустоун во САД, сега целосно затворен за посетители поради пандемијата, ќе биде отворен, делумно, на 18 мај, соопштија од управата на Паркот на Твитер.
„Националниот парк Јелоустоун ќе биде отворен на 18 мај и ќе почне да работи во ограничен режим”, се вели во објавата што натаму говори за подробностите за триетапно разработување на резерватот, инаку распослан во американските сојузни држави Вајоминг, Монтана и Ајдахо.
Резерватот, инаку, е дел од светското наследство на УНЕСКО.
Националниот парк Гранд Кањон во Аризона, исто така, ќе биде отворен, на етапи од 15 – 18 мај.
Претседателот на САД, Доналд Трамп на 16 април го објави планот за „отворање на земјата”. Според податоците на федералните и на локалните власти, во САД има над 1,39 милиони случаи на коронавирус, а бројот на починатите надмина 84.000. Над 243.000 лица се излекувани.