Иако се уште многу заостанува по бројот на следбеници на Твитер, папата го урна рекордот на Џастин Бибер во ретвитање.
Досега рекордот според бројот на ретвитови на еден твит го држеше канадската поп сензација Џастин Бибер, чиј еден од најпопуларните твитови, оној за смртта на шестгодишниот фан кој почина од рак, понатаму го проследија 300 илјади фанови.
Бибер има 31.7 милиони следбеници на Твитер, а папата само 2.1 милион, но неговиот прв твит понатаму го проследија веќе милион луѓе.
Инаку папата твита на осум јазици, арапски, англиски, француски, германски, полски португалски, шпански и италијански, а се воведува и латински и кинески.