На светската премиера на „Ана Каренина“, сите очи вперени во Кира Најтли

Од:

Иако некое време не беше присутна во јавноста, Кира Најтли на светската премиера на „Ана Каренина“ во бел фустан ги остави присутните „без здив“.

26-годишната Кира, која ја има улогата на Ана во филмот, покажа дека нејзиниот моден вкус и понатаму е непогрешлив.

На новата 130-минутна филмувана верзија на романот, напишан пред повеќе од 130 години, работеше цела плејада британски ѕвезди- режисерот Џо Рајт, сценаристот Том Стопард и композиторот Дарио Маријанели.

Покрај Кира Најтли која ја глуми Ана Каренина, Алексеи Каренин го глуми Џад Лоу, а Вронски – Арон Тејлор-Џонсон, со колегите Метју Мекфаџен, Кели Мекдоналд, Оливија Вилијамс, Емили Вотсон и други.

Филмот е снимен кон крајот на 2011-та година и почетокот на 2012-та година во Велика Британија и Русија.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата