Просечниот човек дневно троши 14,5 минути жалејќи им се на пријателите и на членовите на семејството на проблемите на работа, покажуваат резултатите од едно неодамнешно истражувањето.
На луѓето им е најтешко проблемите да ги „остават“ на работа и тврдат дека од нив денес потешко се опуштаат отколку пред една година.
Истражувањето со кое биле опфатени 2.000 луѓе, изработено по нарача на британската компанија за производство на мебел ДФС, покажало дека и на жените им е потешко да заборават на работните проблеми, а тоа особено се однесува на фризерките, готвачките и медицинските сестри.
Утврдено е дека луѓето во просек поминуваат 106 дена од животот жалејќи се на проблемите на работа, а по завршувањето на работното време потребно им е 45 минути да почнат да се опуштаат.
Истражувањето покажало и дека излежувањето на кревет е најпопуларен начин за опуштање, како и топлата бања.