На пат околу светот со трицикл и брзина од 50 километри на час

Од:

Дваjцa британски учители патуваат по светот во мал трицикл со желбата да го промовираат образованието. Ник Гоу и Рич Сирс од Гилфорд, веќе речиси ја „освоија“ Африка со својата отворена моторикша, откако минатиот август тргнаа на пат од Лондон.

Во трициклот, што постигнува максимална брзина од 55 километри на час, прво патуваа низ Велика Британија, а потоа ја минаа Европа и заминаа за Африка. Кога ќе пристигнат на Ртот добра надеж во Јужноафриканската Република, моторикшата ќе ја префрлат со траект до Мумбај, па од таму ќе продолжат со патувањето низ Азија и потоа ќе се префлат во Јужна Америка.

Цел на проектот „Tuk-Tuk Travels“ на Ник и Рич е покревање на свеста за важноста на образованието во оние делови на светот во кои има најмногу неписмени.

Рич Сирс вели дела „светските лидери презедоа обврска на сите да им овозможат основно образованје до 2015 година, но и покрај тоа 61 милион деца на школска возраст и натаму немаат никакво образование“.

Овие пријатели наведуваат дека на својот пат ќе посетуваат училишта и ги повикуваат спонзорите да се вклучат во нивната акција. Тие собираа деца од улица во полуразурнати куќички на Каиро, Картум и Кампала и посетија бегалци од Конго во камповите во Источен Конго.

Во северна Кенија и западна Танзанија екипата минала 1.600 километри макадам и патишта прекриени со кал. И покрај таквите терени гумата на моторикшата им пукнала само два пати, еднаш во близина на Париз, а вториот пат во Африка.

Овие необични патници добија поддршка од истражувачот сер Раналф Фајнс, кој изјави „Тук Тук патниците се впуштија во единствена авантура низ некои од најпредизвикувачките терени во светот, низ различни опкружувања, култури и земји. Нивната мисија ќе биде исклучителна“.

Би можело да ве интересира

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски

Во земјава нема доволно кустоси, странски водичи раскажуваат поинаква историја за нашите локалитети

Катерина Ѓуровски

Продолжениот Велигденски викенд повеќе од половина ќе ги исполни сместувачките капацитети на охридското крајбрежје

Ана Ололовска