На Москва и се потребни 90 милиони јајца за Велигден

Од:

Градската управа на Москва соопшти дека пред Велигден, продавниците ќе бидат снабдени со 90 милиони јајца, со што би трбало да бидат задоволени потребите на рускиот главен град.

Поради зголемената конкуренција на пазарот, оваа година за прв пат цените пред Велигден нема да бидат зголемени.

Продавниците ќе бидат снабдени и со повеќе од 1.000 тон од традиционалниот велигденски колач, „кулич“, со тежина од 100 до 800 грама.

За најсиромашните граѓани обезбедени се 50.000 бесплатни колачи, пренесе Верската информативна агенција.

На јавните места каде ќе се прославува овој голем христијански празник, продажбата на сите видови алкохолни пијалоци ќе биде забранета.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Велигден – зошто не е секоја година на ист ден и како се пресметува датумот

Катерина Ѓуровски

МПЦ-ОА: Овој Велигден го славиме во канонско единство

Православните верници денеска го слават Велигден

За Велигден бесплатно паркирањето во Охрид, во вторник слободен влез во музеите низ градот

(ВИДЕО) Ковачевски со спот за Велигден: Зелената боја е зелена енергија, а тоа значи поевтина струја

Државна и црковна делегација во Ерусалим на преземање на Благодатниот оган во Базиликата на Светиот гроб

Ана Ололовска