На местото на резиденцијата на Гадафи во Триполи ќе „никне“ забавен парк

Од:

На местото на некогашната резиденција на убиениот долгогодишен либиски лидер Моамер ел Гадафи во квартот Баб-ел-Азизија, урната во текот на судирите во 2011 година, ќе биде изграден забавен парк, најави министерката за туризам на Либија, Икрам Абудлсалам Имам.

На прес-конференција во Триполи таа рече дека почнале работите на расчистување на урнатините во Баб-ел-Азизија, „што беше црна точка во Триполи и причина за загриженост за жителите“.

– Овој простор ќе биде претворен во „зелена зона“ и забавен парк, како место за уживање на либиските семејства, наведе министерката.

Баб-ел-Азизија е руинирана во летото 2011 година, во текот на воздушните напади на силите на НАТО и дополнителниот упад на бунтовниците.

Во август 2012 година премиерот Абделрахим ал Киб соопшти дека постои план на ова место да се изградат библиотека, театар и споменик на мачениците од конфликтот во Либија, но тој не беше реализиран.

Министерката за туризам изјави дека е склучен договор со осум приватни компании за изградба на новиот парк.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска