На хрватското крајбрежје во јули имало 340 илјади туристи помалку од лани

Од:

Туризмот во Хрватска трпи големи загуби, оцени ИТАР-ТАСС, прецизирајќи дека според податоците на хрватските министерства за туризам и за внатрешни работи, во јули земјата ја посетиле 340.000 туристи помалку од лани.

Според објавените податоци, во првите две недели од јули 2012 година Хрватска ја посетиле еден милион и 655 илјади туристи, а годинава нивниот број е само еден милион и 315 илјади.

Многу хотелиери информираат за двојно намалување на приходите.

Признавајќи ги загубите во приватниот сектор, министерот за туризам Дарко Лоренцин, смета дека настанатата ситуација, сепак, во целина е поволна, независно од намалувањето на нивото на сообраќај по патиштата и намаленото оптоварување на граничните премини.

Слична е позицијата и  на директорот на Туристичката асоцијација на Хрватска, Мери Матешиќ, која објаснува дека продажбата на туристичките пакети е стабилна, иако е забавена.

На крајот на туристичката сезона во 2012 година Хрватска од туризмот заработи над седум милијарди евра.

Повеќе експерти се надеваат дека ситуацијата годинава се уште може да се поправи. Според експертите, значителен дел од туристите кои годинава ја заобиколија Хрватска се Руси. Воспоставувањето визен режим меѓу Руската Федерација и Хрватска,  по приклучувањето на земјата во ЕУ, му нанесе сериозни штети на овој сектор. Независно од  упростената процедура за добивање визи и отворањето визни центри во 18 градови на Русија, Русите годинава одбираат други дестинации.

Во 2012 година во Хрватска годишниот одмор го минаа 190 илјади Руси, а според некои оценки, уште околу 100 илјади други биле сместени во приватниот сектор.

Досега популарноста на јадранското крајбрежје во Русија годишно растеше просечно за 30 проценти.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска