Текстот од 13. амандман на американскиот Устав, што во 1865 година го потпиша Абрахам Линколн со кој се укинува ропството во САД на 25 мај ќе биде на даден на аукциска продажба во Њујорк, соопшти куќата Сотби и додаде дека очекува документот да биде продаден за два до три милиони долари.
Линколн го потпиша текстот на 1 февруари 1865 година, неколку недели пред да биде убиен на 14 април и помалку од два месеци пред крајот на граѓанската војна во САД. Тоа е еден од 14-те примероци на документи кои Линколн ги потпишал. Текстот го продава американскиот Институт за историја Гилдер Лерман кој поседува два примероци.
Во документот се прогласува слобода за секоја личност во состојба на ропство.