На аукција се продаваат 15 скалила од Ајфеловата кула

Од:

Дел од оригиналните скали на Ајфеловата кула, идниот понеделник ќе бидат понудени на лицитација во Париз, соопшти аукциската куќа „Арткуријал“.

Петнаесет скалила, високи 3,5 метри и тешки 750 килограми, што своевремено ги поврзувале второто и третото ниво на железната кула, можно е да достигнат цена меѓу 27.000 и 40.000 долари.

Оригиналните скали се заменети во 1983 година во согласност со новиот правилник за безбедност.

Старите скали се исечени на 24 дела, од кои еден е сочуван на Ајфеловата кула, три се испратени во париските музеи, а преостанатите 20 се продадени на аукција.

Ајфеловата кула е крената како експонат на Светската изложба во 1889 година, по повод stoгодишнината од Француската револуција.

Со 300 метри височина се до 1930 година беше највисоката градба на светот.

Би можело да ве интересира

Марк Нопфлер ја продава својата колекција гитари

Дрес на Марадона на аукција – почетна цена 4.000.000 фунти

А1он

Фотографија од Мен Реј на аукција по почетна цена од рекордни пет милиони долари

А1он

Најголемиот црн дијамант продаден за 3,8 милиони евра

Ана Ололовска

Првата СМС порака е продадена за 107.000 евра

А1он

Научен запис на Алберт Ајнштајн продаден за над 11 милиони евра

Ана Ололовска