На аукција психоделичното порше на Џенис Џоплин

Од:

Порше обоено во психоделични бои, кое припаѓало на легендарната американска пејачка Џенис Џоплин, ќе биде понудено на аукција на 10 декември во Њујорк.

Аукциската куќа Сотби, која е организатор на лицитацијата, соопшти дека се работи за порше 356C 1600 кабриолет чија цена се проценува на над 400.000 долари.

Иако пеела „Боже купи ми мерцедес-бенц‟, Џоплин во 1968 година си купила еден друг германски луксузен болид, порше. Сметајќи дека белата боја на автомобилот е премногу „здодевна‟, побарала од еден пријател преку целата каросерија да наслика живописна слика на која е прикажана со членовите на својот бенд, заедно со слики на пеперутки и медузи.

„Поршето на Џоплин без сомнеж е едно од највпечатливите поршеа на сите времиња. Тоа е фантастичен автомобил кој ја надминува уметноста, поп културата и општествените движења, во секој поглед автомобил достоен на славната пејачка‟, велат во Сотби.

Џоплин постојано се возела во поршето кое обично било паркирано пред холивудскиот хотел во кој умрела во 1970 година, од предозираност со хероин.

Автомобилот по нејзината смрт припаднал на нејзиното семејство кое го позајмиле на Куќата на славните на рокенролот во Кливленд, каде бил изложен од 1995 година, а сега се одлучиле да го стават на продажба.

Би можело да ве интересира

Марк Нопфлер ја продава својата колекција гитари

Дрес на Марадона на аукција – почетна цена 4.000.000 фунти

А1он

Фотографија од Мен Реј на аукција по почетна цена од рекордни пет милиони долари

А1он

Најголемиот црн дијамант продаден за 3,8 милиони евра

Ана Ололовска

Првата СМС порака е продадена за 107.000 евра

А1он

Научен запис на Алберт Ајнштајн продаден за над 11 милиони евра

Ана Ололовска