На аукција писмо од Титаник кое се очекува да достигне 105.000 долари

Од:

Писмо пронајдено кај еден човек кој загинал во потонувањето на Титаник се очекува да достигне цена од 105.000 долари на аукција што се одржува денеска.

Во писмото, кое патникот во прва класа Александар Оскар Холверсон и го напишал на својата мајка на хартија со наслов на кој е втиснато името на бродот, има негови впечатоци за Титаник, пофалби за храната и музиката.

– Ако се оди добро, ќе стигнеме во Њујорк во среда претпладне, пишува Холверсон еден ден пред сударот на Титаник со ледениот брег.

Холверсон бил трговец од Минесота, а на Титаник патувал со неговата сопруга, Марија Алис, која ја преживеала несреќата.

Писмото е еден од последните предмети за кои се знае дека биле зачувани по тонењето на бродот.

Титаник беше еден од најголемите прекуокеански патнички бродови кога удри во санта мраз и потона на 14 април 1912 година, на својот пат од Саутемптон до Њујорк. Во несреќата загинаа 1.500 луѓе.

Писмото ќе биде ставено на аукција од семејството на Холверсон во трговскиот град Дивајзис, јужна Англија.

Би можело да ве интересира

Марк Нопфлер ја продава својата колекција гитари

Дрес на Марадона на аукција – почетна цена 4.000.000 фунти

А1он

Фотографија од Мен Реј на аукција по почетна цена од рекордни пет милиони долари

А1он

Најголемиот црн дијамант продаден за 3,8 милиони евра

Ана Ололовска

Првата СМС порака е продадена за 107.000 евра

А1он

Научен запис на Алберт Ајнштајн продаден за над 11 милиони евра

Ана Ололовска