На аукција очила од Ленон и казна за паркирање на Ринго Стар

Од:

Тркалезни очила за сонце што му припаѓале на Џон Ленон и казна за паркирање на Ринго Стар, наредната седмица ќе бидат понудени на интернет-аукција на „Сотби“.

Поранешниот возач на познатата британска поп-рок група – „Битлс“, Алан Херинг, со години ги чувал овие предмети, но „сега сака само да ги сочува сеќавањата”, како што самиот изјави.

Казната за непрописно паркирање во износ од две фунти, напишана на име на тапанарот во април 1969 година, денес се проценува на околу 1.500 фунти (1.770 евра).

Оштетените „ленонки” пак, очила типични за стилот на Џон Ленон во 1960-тите, па сè до неговата смрт, биле заборавени на задното седиште на Мерцедесот 1968 година.

Интернет-наддавањето ќе трае од 6. до 13 декември.

Би можело да ве интересира

Марк Нопфлер ја продава својата колекција гитари

Дрес на Марадона на аукција – почетна цена 4.000.000 фунти

А1он

Фотографија од Мен Реј на аукција по почетна цена од рекордни пет милиони долари

А1он

Најголемиот црн дијамант продаден за 3,8 милиони евра

Ана Ололовска

Првата СМС порака е продадена за 107.000 евра

А1он

Научен запис на Алберт Ајнштајн продаден за над 11 милиони евра

Ана Ололовска