„MythBusters“: Џек во „Титаник“ можеше да преживее?

Од:

Постојат само две прашања за кои човечкиот род дури и денес тешко може да најде соодветен одговор: Што е постаро кокошката или јајцето и, дали Џек во филмот „Титаник“ на крајот мораше да умре.

Бидејќи интернет мрежите во 1997 година не беа на некое завидно ниво, сега откако се појави и 3 -де верзијата на филмот „Титаник“, се повеќе сметаат дека Џек можеше да преживее.

Токму оваа дилема, со режисерот на филмот, Џејмс Камерон, ќе го решава познатото дуо истражувачи, во своето шоу „Mythbusters“.

„Тоа ќе биде многу интересно и мислам дека „Mythbusters“ можат да го решат овој проблем“, изјави познатиот режисер и додаде „Знаете, не е во прашање дали имало место на дрвената штица, туку рамнотожата. Па, Џек не е глуп, тој не сакаше да умре, туку сфати дека даската не може да ги издржи него и Роуз“.

Новата сезона на „MythBusters“ ќе започне да се емитува од 7. октомври, а бидејќи ова е прашање над сите прашања, веруваме дека многу брзо ќе пристигне и одговорот. Можеби сепак Џек требаше да се спаси.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата