Бројни битански музичари меѓу кои Стинг, Сер Сајмон Ратл, Ед Ширан и Дејмон Албарн во отворено писмо до британсиката премиерка Тереза Меј изразуваат загриженост поради последиците од Брегзит за можен „културолошки затвор“.
Според нив, тоа се заканува „на сите сектори во музичката индустрија“.
Писмото е објавено во британски Обзервер поттикнато од ирскиот музичар Боб Гелдоф кој ја организираше камапњата за останување на Велика Британија во Европската унија.
Меѓу нив е и Сајмон Ратл до неодамна шеф на Берлинската филхармонија, а од лани и директор на Лондонскиот симфониски оркестар.
„Брегзит влијае на сите сектори во музичката индустрија, без оглед на тоа дали станува збор за турнеи, продажба авторски права или наплата. Всушност, тоа и веќе се слчува. По референдумот во 2016 година падот на фунтата рефлектираше со значително зголемени трошоци за опрема и наем на студио. Да не заборавиме и на намалените приходи во домаќинствата што значи помала можност за издвојување пари за одење по клубови и купување се што има врска со музиката“, се вели во писмото.
„Се одлучивме на своевиден културолошки затвор“, сметаат потписниците на писмото алудијаќи на Брегзит.
„Тоа е целсоно лудо. Мораме повторно да ја земеме сопствената иднина во раце. Да се реформира и реструктуира ЕУ. Кога Европа е во неволја, Британците ги збиваат редовите, не се повлекуваат и двојно ги зголемуваат напорите“.
Гелдоф повикува на нов референдум за напуиштање на ЕУ.