Музејот на Ramones и кебапот кај „Мустафа“ – летен хит во Берлин

Од:

Берлинскиот музеј посветен на пионирите на панкот, групата „Рамонс“ (Ramones), го привлекуваат вниманието на   туристите кои овие врели денови го посетуваат главниот град на Германија.


Во музејот, всушност кафуле, чиј еден дел е посветен на квартетот од Њујорк, се изложени оригиналните со рака напишани текстови на нивните песни, опремата и гардеробата, како и извештајот на патологот и обдукцискиот наод за смртта на басистот Ди Ди (Dee Dee), кој почина во 2002 година на 52-годишна возраст.


Поставката во берлинското кафуле посветена на „Рамонси“ е далеку  посодржајна од широко рекламираната изложба за целото движење „Punk. No One is  Innocent“, оддржана пред неколку години во виенскиот музеј „Кунстхале“.


Изложени се и фотографии на познати музичари кои го посетиле „Рамонс музејот“, меѓу кои и основачот на  групата „Диносаур Јр“, Џеј Мескис (J Mascis) со синот, како и фронтменот на германскиот хеви метал состав „Креатор“, Миле Петрожа (Mille Petrozza).


Во берлинскиот „Нојес музеј“ во тек е и изложба посветена на стогодишнината од пронаоѓањето на бистата на египатската кралица Нефертити.


Едно од местата што не смеете да ги пропуштите и оваа година е  планетарно познатиот кебап киоск „Мустафа“, каде Берлинците и посетителите од целиот свет трпелливо чекаат и по еден час во редот за вкусната храна.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска