Би-Би-Си – Лондон
Пред две илјади години, статуа на лав стоела над храмот во античкиот сириски град Палмира. Неодамна, откако била ископана во 70-ите години од минатиот век, таа стана амблем на градот и омилена кај туристите. Но тоа е едно од првите нешта кои милитантите од Исламска држава ги уништиле кога го освоиле градот минатата година.
Се вели дека на арапски јазик постојат повеќе од триста зборови за лав. Тоа е мерка за важноста на лавот во историјата на Блискиот исток. За бедуинските племиња, лавот претставувал најголемата опасност во дивината – се додека не умрел и последниот некаде во 19-иот век.
Животното било страви почит, и оттука можеби објаснувањето зошто статуа на лав два пати поголема од човекот, и тешка 15 тони, била исклесана од уметници во Палмира.
Со спирални, или кружни очи, и дебели бекенбарди луто поставени долж слабите образи, јасно е дека лавот бил борец, но исто и љубовник. Меѓу неговите нозе имало уловена антилопа. Антилопата имала исплашен поглед под огромните шепи на лавот, но можеби била и одбранета. Лавот бил симбол на заштитата – и го маркирал и штител влезот во храмот.
Но никој не можел да го заштити лавот кога ИД дошле и ги кренале во воздух во мај 205 година.
– Тоа беше огромен шок, затоа што, знаете, на некој начин тоа беше нашиот лав, вели полскиот археолог Микал Гавликовски кој со тим археолози го ископал во 1977 година.
Повеќе од илјада години, статуата била закопана под урнатините на античкиот град, иако делови од неа биле користени како камења за темели во други зданија.
– Тешко можевме да одредиме за што станува збор. Можеше да се забележи дека е скулптура и тоа многу стара од Палмира, па затоа решивме дека треба веднаш и неодложно да ја составиме. Од почетокот не беше сосема јасно за што станува збор, а кога ја најдовме главата се стана јасно“.
Час по арапски јазик
Еве 30 од околу 300 арапски зборови за „лав“.
Газанфар, хајдера, лаит, малик-ал-гааб (крал на џунглата), каша-ам, асумсун, хатам, абу либдех, хамза, небрас, басел, јасаас, ассад, шујаа, рихаб, себа-а, мајас, кунафис, аабас, аафрас, абу фирас, касварах, њард, рахиб, гади, абу харит, даргам, хаммам, усама, јаифер, каскас… Повеќето опишуваат различни расположенија на лавот. На пример, хатам разурнувачот, рихаб трепетот, газанфар воинот, абу либдех е оној со крзното, или гривата.
Но благодарение на среќата, Микал во неговиот тим таа година го имал скулпторот Џозеф Гази, кој ентузијастички се зафатил со реставрацијата на лавот.
Но до 2005 година, лавот се расклатил и уште една рестварација – пак предводена од полски тим – ја обновиле статуата да изгледа што е можно поверно на она за што се сметало дека е нејзиниот оригинален антички дизајн, да изгледа како лавот скока од ѕидините на храмот.
Потоа тоа било поставено пред музејот во Палмира.
Долж левата шепа била испишаната стара палмирска порака: „„Нека ал-Лат го благослови секој оној кој нема да пролее крв во ова светилиште“.
Божицата ал-Лат била предисламска божица која била многу популарна низ цела Арабија, наследничка на претходните месопотамиски божици, како што е Иштар Инанна.
– Иштар Инана е божица на војната, но исто и на љубовта и сексот, посебно вонбрачниот секс, вели Аугуста Мекмахон, професор по археологија на Универзитетот Кембриџ.
Ал-Лат ги имала речиси сите карактеристики, и како и Иштар Инанна и таа била поврзувана со лавовите. „Интересно е да се најде лав и женска фигура во толку блиска поврзаност, а ниту еден машки бог да нема лав – па затоа е ова нешто што е уникатно својствено за неа“, вели Мекмахон.
Но кралевите од регионот многу сакале да бидат споредувани со лавовите, иако тоа не е случај со машките богови. Некои од најстарите претставувања на меспотамските лидери, од околу 3.500 години пред н.е., ги опишува внесени во борба со овие животни.
– Не се прикажани како се борат или убиваат други луѓе затоа што тоа нема скоро никакво значење, вели Аугуста Мекмахон. „Тие мора да имаат лав кој не е баш еднаков но речиси сличен ривал затоа што се тие исклучително моќни и баш непредвидливи“.
Оваа традиција продолжува и во Средниот век и во раниот современ период, каде на исламски минијатури често се прикажани сцени од лов, на храбри принцови кои се борат со лавови. Лавот е и врховен и непобедлив, што е симбол на сила и на главниот противник на мажот. И денес, татквците се уште им даваат имиња на синовите и наследниците понатаму по овој страшен предатор – Осама, на пример.
Семејството на сегашната династија која управува со Сирија отишла уште понатаму. Ал-Ассад значи лав, и се раскажуваат различни приказни како, со генерации наназад, тие го зеле ова име.
Едната верзија вели дека Сулејман, прапрадедото на сегашниот претседател Башар ал Ассад, добил прекар ал-Вахиш, или „дивиот ѕвер“заради неговото однесување додека војувал со Отоманците. Ова имало негативна конотација, па затоа Сулејман го сменил ал Вахиш со ал-Ассад, „лавот“.
Во соседен Ирак, Садам Хусеин дури и подиректно ги насочил легендите кои времето ги создало. На дел од неговата забавна пропаганда – која често беше гледана во весниците и по уличните билборди – тој беше прикажуван како позира како асириски крал, опколен со лавови додека стрела по американски ракети со лак и стрела.
Но Садам немаше целосна контрола врз неговиот симболизам со лавовите. Еден од многуте зборови за лав на арапски јазик значи „бесрамност“ и „дрскост“ и токму овие зборови за лав мнозина Ирачани му ги упатуваа нему.
– Лавот има неколку имиња и едно од нив е себа-а, вели ирачкиот археолог Ламиа ал-Гајлани. „Овој збор себа-а се смета за едно од најгрдите нешта во културата на Ирачаните затоа што тоа значи да се биде корумпиран. Кога Садам правеше нешто, луѓето велеа сека се себа-а и дека што тој го прави е толку погрешно, толку нелегално, но тој секогаш успеваше да се извлече“.
За многумина кои биле во Пламира, лавот од ал-Лат даваше одлична можност за фотографирање. За сирискиот скулптор Захед Таџедин, кој живее во Лондон, лавот беше и инспирација за уметниците.
На почетокот на 90-ите, Таџедин имал изложба во Германија каде тој правел минијатурни скулптури од неговите омилени археолошки артефакти од Сирија – меѓу кои и лавот – но до 2015 тој се продал.
За среќа, во мај 2015 кога ИД ја зазеле Палмира и го уништиле лавот од ал-Лат, тој ги пронашол калапите.
– И си помислив дека е ова некаква порака, вели тој. „И направив три и ги поставив едно до друго и ги обоив во бело, црвено и црно, за да го претставуваат сириското знаме“.
Лавот често беше симбол на суетата и моќта на машкоста. Тој беше симбол за самовеличените кралеви и претседатели. Но кај репродукциите на лавот од ал-Лат од Таџедин лавот станува нешто друго – протест против разурнувањата кои ја зафатија неговата земја и нејзиното античко наследство.