Мусака со макарони, месо и тиквички

Од:

Интересна и вкусна комбинација на состојки …

Потребно е:
300 гр
 макарони
1 главица кромид
3 чешниња лук
1-2 тиквички
600 гр мелено месо
1 лажица маслиново масло
250 гр сецкани домати (свежи или од конзерва)
неколку гранчиња свежо оригано
сол

за преливот:
200 мл
 павлака за готвење
4 јајца
150 гр кашкавал гауда, изрендан
сол, бибер

Подготовка:
– Макароните сварете ги во солена вода, но внимавајте да не ги преварите. Исцедете ги.

– Кромидот и лукот исецкајте ги ситно. Тиквичките излупете ги и исечете ги на тенки ленти по должина.

– На загреана масло пропрчете го малку кромидот и додадете ги потоа месото, лукот, доматите, сецканото оригано, сол и бибер.

– Посебно во еден сад изматете ја павлаката со јајцата и додадете малку сол и бибер.

– Во намастена огноотпорна тава ставете најдоле половина од макароните. Врз нив наредете еден ред од тиквичките и прелијте со половина од преливот. Сега ставете го целото месо. Врз месото распоредете половина од ренданиот кашкавал, потоа преостанатите макарони. Прелијте со преостанатиот прелив и посипете со остатокот од кашкавалот.

– Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 35 минути, односно додека не добие убава златно-кафена боја.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска