Мусака со компири, пилешко и шампињони

Од:

Фина комбинација на состојки …

Потребно е:
6-7 поголеми компири
400 гр печено или варено пилешко месо, исечено на коцкички
1 поголема главица кромид
250 гр шампињони
200 гр чадена сланина
1-2 лути пиперчиња
2-3 чешниња лук
50 гр рендан кашкавал (ајдамер, гауда, чедар,…)
сол, бибер и мелен сув зачин, по вкус
1 полна лажица ситно сецкан магдонос
2 лажици масло

за преливот:
2-3 јајца
375 мл млеко

Подготовка:
– Измијте ги компирите и ставете ги да се варат во солена вода. варете ги ддека да омекнат, но внимавајте да не ги преварите. Исцедете ги од водата и оставете да се изладат и потоа излупете ги.

– Додека се варат компирите направете го филот. Во подлабока тава сипете 2 лажици масло и додадете го ситно сецканиот кромид.

– Кога ќе омекне кромидот додадете ја сецканата на коцкички сланина и пржете ја кратко додека да пушти маснотија.

– За тоа време измијте ги и покрупно исецкајте ги шампињоните. Додадете ги во тавата и динстајте ги додека да испари целата течност што ќе ја пуштат.

– На крај додадете ги ситно сецканите лути пиперчиња, лукот и пилешкото месо исецкано на коцкички. Пржете уште 5 минути.

– Зачинете по вкус и на крај додадете го ситно сецканиот магдонос.

– Намастете го огноотпорниот сад во кој ќе ја печете мусаката.

– Половина од компирите исечете ги на тркалца и наредете ги на дното на садот. Одозгора сипете го филот со пилешко месо и одозгора изрендајте го кашкавалот. На крај наредете ги простанатите компири исто така исецкани на тркалца.

– Изматете ги јајцата во тавата во која го пржевте филот, додадете го млекото и малку зачини по вкус и со ова прелијте ги компирите.

– Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени 75-90 минути, односно додека да добие убава златно-кафена боја.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска