Малку поинаку подготвена мусака, со многу кашкавал и пиперка …
Потребно е:
500 гр мелено месо
600 гр компири
1 главица кромид
1 црвена пиперка
400 гр кашкавал
1/2 китка магдонос
2 лажици масло
1 лажиче мелена црвена пиперка
сол, бибер
Подготовка:
– Сварете ги компирите со лушпа. Внимавајте ги да не ги преварите. Потоа излупете ги и исечете ги на тркалца.
– На малку масло испржете го ситно сецканиот кромид. Додадете го меленото месо и ситно сецканата црвена пиперка и пржете неколку минути. Зачинете со мелена црвена пиперка, сол и бибер.
– Кашкавалот исечете го на мали тенки коцки. Половина од кашкавалот распоредете на дното и ѕидовите на округла тава.
– Над кашкавалот наредете ги парчињата компири и над нив меленото месо.
– Одозгора наредете ги преостанатите компири и на крај завршете со еден ред од преостанатиот кашкавал.
– Посипете со сецкан свеж магдонос и ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени додека да порумени.