Мусака од зелка, мелено месо, домати и кашкавал

Од:

Одлично изгледа и превкусна е …

Потребно е:

500 гр мелено месо
1 главица кромид
3 чешниња лук
250 мл сок од домати
1/2 лажиче бибер во прав
1 лажиче мелена црвена пиперка
1 лажиче сува мајчина душичка
1,5 лажиче сол
1 лажица пире од домати
800 гр сецкани домати од конзерва
1 голема главица зелка
2 чаши сварен ориз
неколку лажици масло
200 гр кашкавал (трапист, ајдамер,…)
1 јајце
500 мл млеко

Подготовка:
– Прво сварете го оризот (ќе ви требаат околу 1,5 чаша ориз). Сварениот ориз исцедете го од вишокот течност и оставете го на страна.

– Пропржете го на малку масло ситно сецканиот кромид и пред крај додадете го сецканото лукче и пржете уште 1 минута.

– Додадете го меленото месо и пржете го додека да добие боја, со повремено мешање.

– Додадете го сокот од домати, доматите од конзерва, пирето од домати и зачините. Динстајте околу 10 минути. Тргнете го садот на страна и додадете го сварениот ориз.

– Исецкајте ја зелката на коцки. Загрејте 2-3 лаќици масло и додадете 1/3 од сецканата зелка. Динстајте околу 5-10 минути додека да омекне. Истото направете го со преостанатата зелка.

– Дел и испржената зелка ставете во тава со средна големина. Одозгора распоредете дел од смесата со мелено месо и домати. Повторете ја истата постапка. Одозгора треба да завршите со еден слој зелка.

– Мусаката покријте ја со алуминиумска фолија и ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 45 минути.

– Во еден сад измешајте ги јајцето, млекото и изренданиот кашкавал.

– Тргнете ја фолијата и прелијте ја мусаката со подготвената смеса. Допечете ја уште 20-тина минути непокриена.

– Испечената мусака оставете ја 10-тина минути, исечете ја на коцки и послужете.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска