Мусака од црни патлиџани со пармезан и мисиркино месо

Од:

Интересен спој на состојки и ароматични зачини …

Потребно е:
3 големи црни патлиџани (600-700 гр)
маслиново масло
1 поголема главица кромид
5-6 чешниња лук
2 лажици пире од домати
1 кг свежи домати или 800 гр домати од конзерва
1/2 свежо, луто, црвено пиперче
2 лажичиња бел вински оцет
2 лажичиња суво оригано
крупно мелен црн бибер
крупна морска сол
1 полна рака свежи листови босилек
160-200 гр свежо изрендан пармезан
2 полни раце лебни трошки
2-3 лажици сецкано свежо оригано
300-350 гр моцарела сирење

600 гр мисиркино бело месо
крупна морска сол
крупно мелен црн бибер
6 чешниња лук
маслиново масло
16 листови жалфија

Подготовка:
– Црните патлиџани измијте ги убаво и само отсечете им ги краевите (не ги лупете). Исечете ги на кришки со дебелина од 1 см.

– Тава за печење ставете ја да се загрее на рингла. Едната страна на патлиџаните намачкајте ја со маслиново масло и посипете со сол и бибер. Ставете ги да се пржат во тавата со намастената страна од доле додека не добијат фина светло кафена боја. Потоа намачкајте ја со масло и другата страна и посипете со сол и бибер. Превртете ги патлиџаните убаво да се испечат и од другата страна. Извадете ги чинија и оставете ги да се изладат.

– Свежите домати ставете ги со топла вода и оставете ги неколку минути да постојат. Извадете ги, прелијте ги со ладна вода и излупете ги. Отсранете ги семките и средниот дел, а останатиот дел ситно исецкајте го.

– Кромидот и лукот ситно исецкајте ги и пропржете ги на малку загреано маслиново масло. Потоа во тавата додадете ги пирето од домати и сушеното оригано и динстајте 1-2 минути со постојано мешање.

– Во тавата додадете ги исецканите домати и исецканото луто пиперче, поклопете и на тивко варете го сосот околу 15 минути. По потреба може да додадете малку вода. Готовиот сос од домати тргнете го на страна, додадете го оцедот и зачинете со сол и бибер. На крај додадете ги ситно сецканите листови босилек.

– Во еден сад измешајте ги лебните трошки, ситно сецканото оригано и 1-2 лажици маслиново масло. Зачинете со сол и бибер.

– Моцарела сирењето исечете го на тркалца.

– Рерната загрејте ја на 190 целзиусови степени. Во тава за печење (ватростална, керамичка или порцеланска) ставете на дното тенок слој од сосот од домати, посипете со 1/3 од пармезанот, наредете еден слој плав патлиџан. Постапката повторете ја уште еднаш при што внимавајте редењето да заврши со сосот од домати. Одозгора посипете со пармезан и наредете ги перчињата моцарела.

– На крај посипете со мешавината од лебни трошки и ставете да се пече во загреана рерна околу 30 минути.

– Подгответе го мисиркиното бело месо. Месото намачкајте го со маслиново масло и зачинете со сол и бибер. Чешнињата лук здробете ги со нож (заедно со лушпата). Кога јадењето во рерна ќе биде пред крај на печењето започнете со печењето на месото.

– Во грил тава на рингла ставете малку масло, савете ги згмечените чешниња лук и убаво загрејте ги.

– Листовите жалфија земете ги во рака и прелијте ги со малку маслиново масло и благо истријте ги.

– Мисиркиното месо и листовите жалфија ставете ги во тавата кај лукот и печете го месото од сите страни околу 3 минути. Во текот на печењето на месото превртете ги чешнињата лук и листовите жалфија од другата страна. Тавата тргнете ја на страна и оставете 3 минути да се излади месото. Потоа месото исечете го на парчиња и сервирајте го на чинии заедно со мусаката од патлиџани, листовите жалфија и пржените лукчиња.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска