Многу едноставно јадење, а неверојатно вкусно и хранливо …
Потребно е:
1 модар патлиџан
800 гр спанаќ
1 чаша (од 200 мл) мелени бадеми
2 лажици крупно сецкани бадеми
сол, бибер
маслиново масло
2 чешниња лук
пармезан
1 топче моцарела сирење
Подготовка:
– Модриот патлиџан измијте го убаво, исушете го и сечете го на листови. Испечете ги на обична или на грил тава.
– Спанаќот кратко бланширајте го (околу 2 минути) и убаво исцедете го.
– Лукот ситно исецкајте го. Исто и моцарелата исецкајте ја на листови.
– Тавата за печење премачкајте ја со малку маслиново масло. На дното прво наредете еден ред од листовите модар патлиџан, посипете со сецканиот лук, посолете и посипете со малку мелени бадеми и пармезан. На крај ставете еден слој спанаќ. Повторете ја постапката додека да ги потрошите сите состојки.
– На крај најодозгора распоредете ги листовите моцарела и посипете со крупно сецканите бадеми. Попрскајте со малку маслиново масло.
– Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени додека да се растопи сирењето.