Еден фин десерт оплеменет со чоколадо … Оваа мерка е за 4 порции.
Потребно е:
1 л млеко
10 лажици шеќер
10 лажици гриз
1 пакетче ванилин шеќер
1 лажица путер
4 лажици какао
2 лажици масло
50 гр чоколадо за готвење
Подготовка:
– Во еден сад на рингла ставете да се вари 700 мл од млекото со шеќерот и ванилиниот шеќер.
– Во преостанатото млеко ставете го гризот и измешајте.
– Кога млекото ќе почне да врие додадете го разматениот гриз и оставете да се вари со постојано мешање за да не се направат грутчиња.
– Кога гризот ќе биде варен тргнете го садот од рингла и во него додадете го путерот. Измашајте убаво и целата смеса поделете ја на два дела. Во едниот дел ставете го какаото и повторно убаво измешајте за да какаото се соедини со гризот.
– Земете мали украсни садови за сервирање и наквасете ги со вода. Сега прво ставете од кафеавата смеса со какаото, па одозгора од светлата смеса.
– Оставете ги неколку саата да се стегнат.
– Растопете го чоколадото со малку масло на рингла.
– Пред да ги послужите превртете ги на чинија и одозгора прелијте ги со растопеното чоколадо. По желба можете одозгра да посипете со сецкани ореви.