Чоколаден колач што не се пече …
Потребно е:
200 гр чоколадо за готвење
200 гр млечно чоколадо
400 гр плазма бисквити
3 жолчки
200 мл слатка павлака
150 гр шеќер
1 лажиче екстракт од ванила
120 гр путер
Подготовка:
– Бисквитите со раце искршете ги на помали парчиња.
– Во сад на рингла искршете ги двете чоколади, а потоа додадете ги жолчките, слатката павлака, шеќерот, екстрактот и путерот. Загревајте со постојано мешање додека да се растопи чоколадото и доодека да добиете хомогена смеса.
– Растопената смеса помешајте ја со бисквитите и убаво измешајте за да се соединат сите состојки.
– Смесата сипете ја во тава со димензии 25х25 см обложена со пластична фолија и рамномерно распоредете ја.
– Оставете да се излади и да се стегне пред да го сечете, најдобро во фрижидер. Потоа исечете го и послужете.