За прв пат откако ЕБУ ги воведе полуфиналните натпреварувања, имало „мртва“ трка која земја ќе влезе во големото финале. Според некои инфомрации кои вчера „протекоа“ од организаторите токму на 10. место во втората полуфинална вечер, две земји имале подеднаков број поени.
Споре правилата на ЕБУ, земјата која има гласови од поголем број земји учеснички, има предност за повисок ранг.
Според информациите кој протекле од ЕБУ дури за шест песни, публиката и жири комисијата се согласувале дека треба да влезат во финалето.
Останатите четири, две биле влезени по желба на публиката, а другите две, визата за финалето ја добиле од комисијата.
Од 2004-тата, од кога Евросонг ги престави двете полуфинални вечери, според организаторите секогаш имало решена ситуација кој ќе влезе во финалето.
Вечерва на големото финале, Македонија настапува 22-ра од 26 земји. Вечерва, гласњето ќе се следи во живо.
Кој како гласал во полуфиналните натпреварувања, ќе биде откриено утре, како во вечерашпното шоу не би се создавале фаворизирања и вештачка предност пред одредени земји-учеснички.
[nggallery id=30]