Мрачниот Рјукан конечно ќе го види Сонцето

Од:

Норвешкото гратче Рјукан оваа година првпат ќе ги здогледа зимски зраци на Сонцето и тоа благодарение на огледала, кои од планината ќе ја рефлектираат светлината кон него.

Индустриското гратче Рјукан, во кое живеат три илјади жители, се наоѓа длабоко во долината во округот Телемарк, каде Сонцето во текот на зимата е мошне ниско на небото и неговата директна светлина од септември до март не допира до градот. Со години локалното население предлагаше изградба на жичница до врвот на планината.

Меѓутоа плановите се променети и од пред неколку недели хеликоптери поставуваат три големи огледала на врвот на една од страните на долината, на околу 450 метри над градот.

Познати како хелиостати, овие огледала се дизајнирани за да го следат движењето на Сонцето и да ја рефлектираат неговата светлина директно на главниот градски плоштад.

Сличен проект во 2006 година е реализиран во селото Виганел во северна Италија. Делегација од Рјукан го посети Виганел и беше воодушевена од неговото решение.

По петгодишна дебата, Градското собрание конечно се согласи да ги вложи потребните 625 илјади евра за изградба на огледалата.

Огледалата, кои ги контролира компјутер, го следат движењето на Сонцето за да го пронајдат најдобриот агол за рефлексија на неговата светлина.

Вградени се и соларни панели, за да се обезбеди енергијата потребна за автоматско перење и движење на огледалата. Дизајнерите се надеваат дека сончевата светлина ќе го оживее градот за време на зимските месеци.

Координаторот на проектот Ојстејн Хаган тврди дека изградбата нема да биде готова до септември.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска