Мозочен имплант што ги претвора мислите во текст

Од:

Имплантот „Брејн-Гејт 2“ е уред кој се вградува во мозокот и може да ги претвори мислите во текст, при што се користи немодификуван таблет. Ова е посебно корисно за лица со попреченост кои имаат проблеми со комуникацијата или страдаат од некоја невролошка болест.

Уредот работи со помош на микроелектроди, кои вградени во мозокот, работат како еден вид сензори. На екранот ја има азбуката и лицето кое е целосно парализирано доволно е со погледот само да се задржи на одредена буква, па чипот „ги чита“ невронските сигнали и сето тоа во реално време го пренесува на екранот.

Овој принцип, компанијата Сајберкинетикс од Чикаго го развива уште од 2009 година. Но, сега тоа оди малку подалеку. Една учесничка во експериментите дури успеала да отсвири мелодија на дигитален клавир.

– Таблетот ми стана втора природа со својата интуитивност, прокоментира испитаничката.

Чипот може многу да помогне во независноста на лицата кои се парализирани и не можат да комуницираат, сметаат научниците од проектот.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Бобинките штитат од хронични болести и се корисни за здравјето на мозокот

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска