Морган Фримен: Обама не е црнец

Од:

Славниот холивудски глумец Морган Фримен го доведе во прашање црнечкото потекло на Барак Обама. Како еден од досегашните симпатизери на претседателот Обама, американскиот глумец изјави – Првиот црн претседател на Америка сеуште не се појавил – и дека тоа секако не е сегашниот претседател.

Барак Обама откако се појави на политичката сцена, единствено што до сега не мораше да докажува беше неговото црнечко потекло.

Сомнежите за неговата расна припадност дојдоа од најнеочекуваното место, од еден од неговите најголеми поддржувачи, холивудската ѕвезда Морган Фримен.

Во неодамнешното интервју на Американското национално радио, популарниот глумец рече – Америка уште чека на својот прв црн претседател.

Фримен се обиде да објасни дека луѓето кои се спротивставуваат на Обама затоа што е црнец, грешат, затоа што претседателот е всушност – мешавина на раси – а не Афроамериканец.

– Првата работа која ми доаѓа на памет кога станува збор за нашиот претседател, е дека сите кои подигаат расна бариера против него, забораваат дека Барак има мајка и дека таа била доста бела Американка од Канзас, средна Америка – објасни Фримен.

– Првиот американски црн претседател сеуште не се појавил. Обама не е прв црн американски претседател, тој е прв американски претседател од мешана раса – рече глумецот.

Традиционално, Американците со мешано расно наследство имаат право да се изјаснат со која заедница сакаат да бидат идентификувани. Обама уште како дете се изјаснил како Афроамериканец.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ