Моника Белучи грациозно позираше за S Moda. Облечена во креации на нејзините добри пријатели Долче и Габана, таа позираше пред фотоапаратот на Алваро Кортес.
48-годишната Белучи неодамна лансираше колекција шминка за Dolce&Gabbana, „True Monica“, за која црпела инспирација од спомените за нејзината баба.
-Имам слика од мојата баба како си нанесува кармин пред да оди в црква во недела. Беше многу пријатно да го гледаш тоа однесување, тоа време кое си го посветуваше себеси. Жените во Италија посветуваат многу време на физичкиот изглед, тие се флертувачки настроени, многу женствени – изјавила таа.
Белучи споделила дека секојдневно не носи многу шминка. „Користам нежна пудра, малку сјај за усни и маскара на трепките“ – рекла таа во интервјуто за S Moda.