„Монарх Ерлајнс“ ги напушти седиштата на спуштање

Од:

Авиокомпанијата „Монарх Ерлајнс“ објави дека нивните нови „ергономски“ седишта не можат да се спуштаат. Новите седишта ќе имаат потенок и потесен дизајн што ќе го зголеми просторот за нозете.

Одлуката, како што тврди компанијата, е спроведена во дело благодарение на желбите на патниците.

– Новите ергономски седишта се дизајнирани заедно со потребите на нашите клиенти, а тоа беше најважното. Новиот дизајн на седиштата, што оневозможува нивно спуштање, на патниците им дава повеќе простор отколку традиционалните седишта и го отстранува стравот дека лицето пред нив ќе го спушти своето седиште и ќе го елиминира тој простор, изјави директорот за односи со патниците и маркетинг Тим Вилијамсон.

Новите седишта поседуваат и „иновативен“ држач за таблети, така што патниците можат да створат сопствен систем за забава, а дополнително е намалена и нивната тежина.

Компанијата се надева дека до ова лето ќе успее да инсталира 11 сетови од овие седишта, а дека сите нивни авиони ќе бидат опремени до 2015 година.

Анкетата што ја спроведе „Skyscanner“ откри дека 91 отсто од авиопатниците сакале да го видат „исчезнувањето“ на седиштата на спуштање кога се во прашање кратките летови, а 60 отсто стјуарди и стјуардеси, исто така, се согласуваат со овие желби.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска