Могли на денешнината – бебе во Аргентина чувано од диви мачки

Од:

Момче чии надворешни црти сосема се совпаѓаат со оние опишани во делото на Рудјард Киплинг, „Книга за џунглата“, било пронајдено од полицијата во областа Мисионес, во Аргентина. Опколено од осум диви мачки, едногодишното момчето веднаш го доби прекарот, Могли.

Докторите веруваат дека животните, го притискале меѓу себе во текот на ладните ноќи и така го спасиле од сигурна смрт од премрзнување.

Кога момчето било пронајдено тоа јадело остатоци до храна која ја донеле животните, а тие го имале обиколено и го лижеле по телото.

Полицајката Алиција Лорена Линдвиг била прва која го пронашла. Изјавила дека она што и го привлекло вниманието е фактот дека дивите мачки седеле буквално една до друга што е реткост да се види. Момчето буквално лежеше во кал, а мачките го лижеа, бидејќи бебето беше навистина валкано – изјавила таа.

Полцијата го пронашла таткото на момчето, кој е бездомник. Тој рекол дека го изгубил своето дете пред неколку дена додека се обидувал да собере стари картони, кој потоа ги продавал за да преживее. Тврдел дека мачките сами му го грабнале.

Научници од истражувачкиот центар „Темс Валеј анимал велфер“, објаснуваат дека за мачките бебето е едно големо шише постојано полно со топла вода. Мачките ќе се умилкуваат до се што ќе ги стопли, па дури и до кучиња – објасниле познавачите.

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

ОН: Озонската обвивка постепено се обновува

Ана Ололовска

Денеска почнува зимата

Ана Ололовска

ЕСА разгледува можност за пренос на енергија од вселената на Земјата

А1он

Научна студија: Никаде на Земјата дождовницата не може да се пие

Ана Ололовска