Модни правила кои можат да се кршат

Од:

Кој вели дека не може да се комбинираат животински дезени, линии, цветни дезени, точки… Некои правила се како создадени да се кршат.

Трендовите се менуваат од година во година, од сезона во сезона, но една работа во модата е константна веќе со децении – правилата постојат за да се кршат!

Чанта и чевли во тон
Времето кога чевлите едноставно морале да бидат во согласност со чантата е далеку зад нас. Секако дека тоа не е забрането, но слободно инспирирајте се од околината и комбинирајте се што ќе посакате

noga-cevli

Примери со примери
Кој вели дека не може да комбинирате животински дезени, линии, цветни дезени, точки… Тартан во комбинација со леопард, точки во комбинација со линии, се некои од највпечатливите трендови кои имаме можност да ги видиме на улиците на многу модни метрополи.

Сиво и црно
Едно од основните модни правила забранува комбинација на овие бои, а бидејќи нивната комбинација изгледа толку добро, ова правило нема да биде меѓу првите кои ќе ги прекршите.

siva-crna1

Модни додатоци и светликави фустани
Зошто украсите или светликавите фустани би биле резервирани за ноќните излегувања? Мини здолништето или фустанчето сепак оставете го за ноќни излегувања, но слободно комбинирајте малку посуптилни парчиња со украси во текот на денот. Само водете сметка другата гардероба и додатоци да не бидат толку нападни.

Burberry-socks1

Сандали на боса нога
Сандалите воопшто не мора да се носат на боса нога. Во комбинација со слатки тенки чорапи или доколенки сандалите изгледаат многу интересно и модерно! А она најважното е дека благодарение на чорапите омилените сандали се враќаат во живот во месеците во кои инаку треба да заборавиме на нив.

Сребро и злато
Исто како сивата и црната, застареното модно правило строго забранува комбинација на злато и сребро. Слободно искомбинирајте златен часовник и ѓердан со сребрена чантичка или чевли. Пуштете ја фантазијата да работи!

zlatoSrebri

Би можело да ве интересира

Драматично издание на Мадона на ревијата во Милано: Пристигна со круна на главата

Предраг Петровиќ

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски