Модната легенда Ралф Лорен заминува од водечкото место во компанијата

Од:

Ралф Лорен по 48 годни на чело на компанијата која го носи неговото име го препушти местото на првиот оперативец, соопшти компанијата Ralph Lauren Corporation.

На местото извршен шеф во ноември ќе го замени 41-годишниот Стефан Ларсон, кој беше еден од главните оперативци во шведската модна компанија Hennes &Mauritz (H&M), а од 2012 година беше на позицијата глобален претседател на модниот синџир Old Navy, кој припаѓа на конгломератот Gap Inc.

Ралф Лорен ќе ја задржи позицијата извршен претседател на компанијата и ќе има водечка улога во креативноста.

– Моја работа е секогаш да мислам на иднината на нашата фирма и како да одиме нанапред. Бевме водечки во нашата индустрија речиси 50 години, а ова е само почеток, вели 75-годишниот дизајнер.

Ларсон најави дека се радува на можноста за директна соработка со модната икона како што е Ралф Лорен, чија визија и креативност на бреднот „Ралф Лорен“ го направи еден од највлијателните во светот.

Би можело да ве интересира

Драматично издание на Мадона на ревијата во Милано: Пристигна со круна на главата

Предраг Петровиќ

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски