Моцарт коцки

Од:

Потребно е:
Состојки за тестото:
6 белки
200 гр шеќер во прав
200 гр мелени ореви
4 лажици брашно
1/2 кесичка прашок за пециво

За филот:
6 жолчки
200 гр шеќер во прав
200 гр чоколадо за готвење
150 гр путер

За глазурата:
200 гр слатка павлака
1 лажица мед
1 мало лажиче мед
1 лажица шеќер во прав
1 мало лажиче шеќер во прав
250 гр чоколадо за готвење
30 гр путер

Подготовка:
Најпрво подгответе го тестото:
– Белките изматете ги во цврст шлаг и постепено додавајте го шеќерот во прав.

– Измешајте ги претходно брашното, оревите, прашокот за пециво и додадете ги заедно во шлагот. Мешајте со дрвена лажица.

– Тестото сипете го во тава обложена со хартија за печење.

– Печете во претходно загреана рерна на 200 целзиусови степени 15 минути.

Потоа подгответе го филот:
– Жолчките и шеќерот во прав варете ги на пареа.

– Кога смесата ќе почне да се згуснува додадете во неа 200 гр растопено чоколадо и 150 гр путер. Варете уште 8 минути.

– На оладено тесто премачкајте врел фил.

И на крајот подгответе ја глазурата:
– Во едно тенџере на рингла загрејте ги павлаката, медот, шеќерот во прав до точка на вриење, но не смее да проврие.

– Во друг сад растопете го чоколадото за готвење со путерот. Во ова сипете ја горната смеса и убаво измешајте.

– Ова прелијте го преку оладениот фил.

– Оставете моцарт коцките убаво да се изладат пред да ги сервирате.

Одозгора моцарт коцките можете да ги украсите со шлаг.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска