Мјанмар се повеќе се отвора за туристи

Од:

Властите во Мјанмар ги олеснија правилата за преминување на државната граница за да се овозможи полесно патување  низ земјата од правец на соседен Тајланд.

Се досега небеше дозволен влез за патници кои во Мјанмар сакаа да преминат преку градовите Тачилек и Кавтаунг, туку тоа им се овозможуваше само на туристите при враќање кон Тајланд, и тоа само со поседување на уредни визи.

Секој оној кој ќе  се одлучи на било каков пат во Мјанмар мора однапред да обезбеди полна туристичка виза, а можноста за патување низ земјата се зголемени откако  еодамна е отворен нов безбедносен премин во местото Мјавади, што се граничи со градот Мае Сот на Тајланд.

Министерот за имграција на Мјанмар изјави дека неодамна биле олабавени строгите правила само за да се унапредат можностите за „изградба на мирот“, како и дека тоа ќе помогне во растот на вработувањата, трговијата и особено туризмот.

Според новите прописи, на туристите ќе им биде овозможено во Мјанмар туристички да престојуваат до 28 дена. Планот на владата за отворање на границите на  земјата за патници и кон Кина во моментов е на чекање заради судирите во северниот пограничен регион Шан.

Иако ова може да биде значаен исчекор во слободата за движење, некои земји и натаму ги советуваат своите граѓани кои тргнуваат на пат во Мјанмар да бидат внимателни во  пограничните подрачја бидејќи во нив се уште се водат борби. Тоа особено се однесува на границата кон Тајланд, Лаос и Кина.

Покрај тоа што сега постојат повеќе гранични премини кон Мјанмар и натаму во сила остануваат рестрикциите на премините Мјус, Рули, Таму и Мореи.

Мјанмар (поранешна Бурма) доживеа вистински процут на туризмот минатата година, откако беше завршен  меѓународниот бојкот на патувања во оваа земја но, се уште постои загриженост заради многу прашања што доведоа до бојкотот, па заради тоа на странските туристи им се препорачува особена внимателност.

Причина за внимателноста  и натаму се жестоките судири меѓу будистите и муслиманите што се водат на западниот брег од земјата, а според податоците на групите за заштита на човековите права на околу 800.000 припадници на една муслиманска малцинска група властите не им го признааваат државјанството, поради што десетици илјади лица веќе избегаа во Тајланд.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска