„Мислителот” на Роден ќе мине една година во Лувр во Абу Даби

Од:

„Мислителот” на уметникот Огист Роден, веројатно една од најпознатите скулптури на сите времиња, една година ќе биде во својот „нов дом“ – музејот Лувр во Абу Даби, Обединетите Арапски Емирати.

Бронзената скулптура што му припаѓа на музејот „Роден” во Париз, е едно од оригиналните дела на познатиот француски уметник, и е направено во периодот 1881 – 1882 година.

– Самата скулптура е величествена и исклучително моќна. Роден е еден од најпознатите и најистакнати уметници, така што просто, моравме да го имаме во Лувр во Абу Даби, истакна Сураја Нујаим, кустос и задолжена за колекциите во Музејот.

Роден изврши револуција во скулптурната уметност, користејќи слобода на обликувањето, која дотогаш не била позната. Умеел да изваја и реалистични скулптури, како на пр. „Мислителот“, но и да употреби сензуалност која ги шокирала современиците. Тој се трудел неговите фигури да изразуваат емоции со секој свој дел.

Музејот Лувр во Абу Даби веќе поседува неколку дела на Роден, некои само привремено позајмени, а некои и како дел од трајната постава.

Би можело да ве интересира

Врв на стрела од бронзеното време направен од материјал кој не е од оваа планета

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Тенкови и хеликоптери „војуваат“ во Црвеното Море, фронтот на дното е покриен со корали

Со изложба одбележан Денот на музеите во Штип

Ана Ололовска

Бесплатен влез во МСУ – Скопје по повод Светскиот ден на културното наследство

Ана Ололовска

Бесплатен влез во музеите и археолошките локалитети

Ана Ололовска

Таен музеј во Вашингтон