Минијатурниот остров во Пацификот Питкаирн ги легализира геј браковите иако нема ЛГБТ популација.
Питкарин, осамен остров во Пацифик и официјална британска територија со само 48 жители меѓу кои нема ЛГБТ популација, изгласа закон за истополови бракови.
– Законот стапи во сила уште во мај, но заради проблемите со официјалната веб-страница на државата досега не е објавено, изјави Кевин Линч, заменик гувернер на Питкаирн.
Овој остров се наоѓа на половина пат меѓу Нов Зеланд и Перу, што го прави привлечен за живот и брак на геј двојките од островските земји на Пацификот.
– Оваа одлука покажува дека нашите граѓани ја ценат еднаквоста и инклузијата. Ова е позитивна порака, а олеснителна околност е тоа што геј двојките можат да се венчаат без потврди, вели Родни Крум од австралиската организација за лгализација на геј браковите.
Бунтовниците од бродот „Баунти“ први го населиле островот во 1790 година. „Баунти“ по бунтот е запален, а неговите остатоци и денес се видливи на островот Питкаирн.