Милано ја забрани употребата на селфи стиковите

Од:

Властите во Милано ја забранија употребата на селфи стикови, лименки и стаклени шишиња,како и камиони со храна во обидите за построги казни и воведување ред во градот и во борбата против недоличното однесување во текот на летната сезона.

Од петокот, продажбата на лименки и стаклени шишиња е забранета во крајбрежната област Дарсена, а во баровите и пабовите пијалак може да се служат само во хартиени и пластични чаши.

Во таа зона е забрането „држење, носење, оставање на улица или носење какви било садови или лименки, како и употреба на селфи стикови“.

Подрачјето, на кое забраната се однесува е оградено со плоштади и улици: Piazza XXIV Maggio, Viale Gorizia, via Codara, Piazzale Cantore i Viale Giovanni D’Annunzio.

Забраната се однесува и на камиони со храна и засега ќе важи до 13 август. Исто така забранета е и употреба на петарди и останати пиротехнички средства.

Милано не е единственото место, кое забранило селфи стикови, претходно тоа во 2015 година беше направено во сите Дизни паркови во светот. Таква забрана се применува и во Забранетиот град во Пекинг и во Мека во Саудиска Арабија.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска